Одржана прва од четирите Обуки за лидерство, личен развој и трансформација на конфликти
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), во соработка со Solidarity Center од Америка, успешно ја организираше првата од четирите обуки на тема „Обука за лидерство, личен развој и трансформација на конфликти“. Обуката се одржа од 20 до 22 ноември 2024 година, со учество на претставници од Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ), како и од Синдикатот за транспорт и врски (СТВ).



Обуката беше одржана преку интерактивни дискусии и работа во тимови, кои овозможија учесниците да ги применат стекнатите знаења во пракса, разменувајќи искуства и идеи со своите колеги, а како предавач на обуката беше проф. д-р Лазар Ѓуров од Институтот Симбиотика.


Целта на овие обуки е: Зајакнување на отвореноста на личен развој и учење; Прифаќање на GROWTH MINDSET-от како клучен за напредок; Зајакнување на лидерските капацитети на лидерите на синдикалните организации; Запознавање на личните вредности и согледување колку тие се предност или пречка за успешно водење на синдикалните организации; Зајакнување на способностите на градење на доверба во членовите на своите синдикални организации; Зајакнување на вештините за трансформација на конфликтите меѓу работодавачите и вработените; Зајакнување на вештините за преговарање во различни ситуации во тек на водење на синдикалните организации; Запознавање на фазите на развој на групите во тимови и зајакнување на лидерите правилно да препознаат и потоа да применат соодветно лидерство; Запознавање на основните мотивациски потреби кај луѓето и дефинирање на начини како истите се задоволуваат преку синдикалното движење; Зајакнување за регрутирање на нови членови и Поттик за мотивирање на постоечки членови да бидат поактивни.


Оваа обука претставува значаен чекор кон зајакнување на синдикалното движење во Македонија, поттикнувајќи личен и професионален развој кај лидерите, претседателите на синдикалните организации но и членовите на синдикатите.


КСС останува посветена на организирање вакви обуки, со цел создавање силни и ефикасни синдикални организации кои ќе ја унапредат благосостојбата на своите членови.
