Одржана работилница на тема: „Улогата на приватниот сектор во спречување на трудова експлоатација“
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:
На ден 22.05.2025 во х.Александар 2 во Скопје се одржа интерактивна и инспиративна работилница на тема „Улогата на приватниот сектор во спречување на трудова експлоатација“ во која активна улога земаа и наши претставници на Синдикат на полиција во Македонија.
Работилницата беше одлична можност за сите кои сакаат да дознаат повеќе за предизвиците и решенијата поврзани со трудовата експлоатација, директно од врвни експерти во областа.
Имавме чест да го слушнеме професорот Лазар Јовевски, од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој сподели свои искуства, правни перспективи и практични примери од приватниот сектор, длабинско разбирање на тоа како се манифестира трудовата експлоатација и улогата на работодавачите во нејзиното спречување, информации за стратегии и соработки меѓу работодавачите, синдикатите и граѓанските организации.
Учесниците имаа можност за интерактивна дискусија, мапирање на партнерства и размена на идеи за заеднички иницијативи.
Оваа работилница се организира во рамките на иницијативата „Можеби и ти си вовлечен во трудова експлоатација“, која се спроведува со поддршка на Европската Унија и Советот на Европа преку проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Македонија“.
Целта е да се поттикне култура на свесност и одговорност и да се придонесе кон информирано и отпорно општество.
Konfederacija na slobodni sindikati na Makedonija KSS
враќањенапрофесионализмотвополицијата
силанановотовреме


