- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Од денеска може да се следи во живо колку собира и колку пари троши државата

Од денеска може да се следи - Работник
451views

„Фискалниот бројач“ е новата алатка на Министерството за финансии која денеска е активирана и на дневна основа ги прикажува приходите, расходите во буџетот и извршувањето на капиталните трошоци, додека на месечна основа го прикажува државниот долг.Целта на алатката, објавена на www.finance.gov.mk, е понатамошно отворање на буџетот кон јавноста, за да се постигне повисоко ниво на фискална транспарентност.

Алатката на дневна основа го прикажува полнењето на државната каса, како и расходната страна на буџетот, односно кумулативот од почетокот на годината до конкретниот датум на објава, како и степенот на реализација во однос на планот. 

Исто така, алатката дава високофрекфентни податоци за извршување на капиталните расходи и на тој начин прави притисок на сите институции за подобра реализација. Бројачот дава можност и за следење на државниот долг на месечна основа – податок кој досега се објавуваше на квартално ниво, велат од министерството.Од таму тврдат дека фискалната транспарентност е највисокиот степен на контрола на јавните финансии, бидејќи на располагање се ставаат информации кои креираат јавно мислење, кое пак има висок степен на корективна моќ.