- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Од денеска угостителските објекти, обложувалниците и казината се затворени за гости, илјадници работни места висат на конец

Нема казни за граѓаните - Работник
306views

Угостителските објекти од денеска се затворени за посетители и можат да вршат само достава на храна или продавање преку шалтер. Од денеска се затвораат и обложувалниците и казината. Обложувалниците смеат да работат само преку пулт. Мерката е на сила до 20 април.

Ова е дел од пакетот рестрикции кои во понеделникот ги донесе Владата, со цел, како што рекоа да се намали ширењето на коронавирусот, да се спречи оптоварување на здравствениот систем и да се избегне затворање за верските празници Велигден и Бајрам.

Додека пратениците во Собранието се препукуваа досега 16.888 вработени немаат земено февруарска плата.

Во пакетот рестрикции е и зголемување на полицискиот час, кој од вчера започнува во 20 часот, наместо во 22, и трае до 5 часот наутро.

Од вчера стапи на сила и забраната за посетители во фитнес клубовите и спортските сали, како и забраната за одржување на конференции и обуки.