ЕкономијаМакедонијаНовости

Кандидатот на за градоначалник на Чаир од Алијанса и Алтернатива ќе поддржува основање на мултиетнички компании

   Време за читање 1 минута

Безбедноста во Чаир е доведена под знак прашање. Сведоци сме на многу инциденти кои се случија изминатиот период и тука не само Македонци туку и секој граѓанин што живее во Чаир не се чуствува безбеден ни за себе ни за неговото семејство. Морам да кажам дека безбедноста ни е еден од поголемите приоритети за реализација во нашиот мандат.

Ова го вели Беким Сали, кандидат за градоначалник на Чаир од Алијанса и Алтернатива, кој е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Тој во најавата за интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено во среда издвои еден од најважните проекти кои ги предвидува кога ќе стане градоначалник на Чаир.

Ќе поддржуваме основање на мали бизниси кои ќе бидат мултиетички. Тоа значи дека доколку двајца ортаци се договорат да основаат заедничка компанија а се од различни етнички групи поддршката од општина ќе биде максимална. Нема да се фаворизира само едно лице или двајца од иста етничка група.