Од Сојузот на средношколци велат дека МОН потрошил 15,5 милиони евра на платформата, од МОН демнатираат
Сојузот на средношкколци денеска реагира на неупотребата на онлајн платформата во првата недела од почетокот на новата учебна година. Лидерот на Средношколскиот сојуз, Бленди Ходаи вели дека за потребите на Националната платформа МОН потрошило 15,5 милиони евра, а учениците употребуваат само еден сегмент, односно Мајкрософт Тимс.
-Значи, 15,5 милиони евра биле искористени за неупотреблива веб страница, напиша средношколскиот лидер Бленди Ходаи на социјалната мрежа Фејсбук.
Средношколците реагираат и на недостапноста на интернетот, но и недоволната обученост на наставниците за предавање од далечина.
-Сојузот дознава дека учениците во интернатите немаат започнато со настава, бидејќи во интернатите нема силна интернет конекција, вели Ходаи.
Од Министерството за образование и наука ги демантира тврдењата на Сојузот на средношколци дека онлајн платформата чини 15,5 милиони евра. МОН како што и претходно веќе информираше ја известува јавноста дека онлајн платформата е целосно бесплатна и е производ на заедничка и посветена работа на претставници од ФИНКИ, Бирото за развој на образование и Министерството за образование и наука и за нејзиното создавање не е потрошен ниту еден денар. Платформата е функционална и од почетокот на годината до сега над 80% од учениците од средните и основните училишта успешно ја следат наставата и се задоволни од понудениот модел. Останатите околу 20 % немаат проблеми со платформата, туку со интернет конекција или немање уреди, за што МОН е во постојана координација со градоначалниците и директорите на училиштата и тековно се решаваат овие предизвици.
Министерството за образование и наука уште еднаш се заблагодарува за ентузијазмот на сите лица кои се вклучени во креирањето на платформата со цел да се обезбеди учење од далечина во услови на пандемија.