МакедонијаПравдаСветот на работникот

Од 12 до 18 октомври, Инспекторатот за труд изрекол 23 решенија на работодавачи за отстранување на недостатоците

270views

Државниот инспекторат за труд, реализираше вкупно 395 инспекциски надзори  кај работодавачи, врз основа на законот за работни односи и законот за безбедност и здравје при работа, како и врз основа на протоколите за заштита на вработените од корона вирусот. При овие надзори од страна на трудовите инспектори изречени се  23 решенија  за работодавачи во повеќе градови низ државата (Дебар, Струга, Гевгелија, Кичево, Неготино , Тетово и  Пробиштип) за отстранување на утврдените недостатоци во однос на начинот на исплата на плата, работното време и безбедноста и здравјето при работа.