ЕкономијаМакедонија

Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни.

Со овие препораки, како што информира Владата, деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28-ми јуни.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензии:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.06.2022 година (вторник);
  • За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2022 година (среда);
  • За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2022 година (четврток); и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.07.2022 година (петок).