Околу 60,000 мигранти го напуштаат Тајланд поради ширењето на корона вирусот
Речиси 60,000 мигранти кои работат во Тајланд биле принудени да ја напуштат земјата, откако по наредба на Владата биле затоврени трговските центри и голем број на деловни субјекти поради епидемијата на корона вирусот.
Тајланд ги затвори границите, а луѓето биле советувани да останат дома и да запрат со нивите деловни активности за да се запре ширењето на вирусот. Според тамошните медиуми, Премиерот Прајут Чан – ча се очекува во четврток да прогласи вонредна состојба.
Од Министерството за внатрешни работи на Тајланд рекле дека околу 60,000 мигранти од градовите Лаос, Камбоџа и Мјанмар од вчера се враќаат во своите земји. Досега во Тајланд се регистрирани 934 случаи на заразени од Ковид – 19, со тоа Тајланд е на второ место по бројот на заразени во Југоисточна Азија.