МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

ОНЛАЈН ДЕБАТА „СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ВО ВРЕМЕ НА КОВИД-19“

ОНЛАЈН ДЕБАТА -Работник
57views

Онлајн дебата на тема „Слободен пристап до информации од јавен карактер во време на Ковид-19“ ќе се одржи денеска во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Дебатата ќе се одржи на преку платформата Zoom, а говорници ќе бидат новинарките Христина Беловска и Маја Јовановска и претставник од Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Дебатата ССНМ ја организира во партнерство со Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Медиа дајверзити институтот од Лондон во рамките на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, поддржан од Европската Унија.