- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Оперативниот план нуди субвенции на плати кои ќе се делат спред правична застапеност

Оперативниот план нуди субвенции - Работник
318views

Новиот Оперативен план за вработување којшто вчера беше презентиран содржи неколку мерки, меѓу кои субвенции за плати, самовработување, практиканство, обуки, гаранција за млади…

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска рече дека помошта ќе се дели и врз основа на правична застапеност.

„Кога на еден оглас што ќе го објави Агенцијата за вработување ќе се јават пет кандидати од различна етничка припадност, тогаш при изборот на кандидатите кои ги исполнуваат условите треба да биде отсликана сликата на нашето општество во делот на етничката припадност на кандидатите. Кога тие еднакво ги исполнуваат условите ќе се гледа да бидат застапени на ист принцип како што се застапени во општеството што е правично.“ истакна Шахпаска.

Пандемијата остави 18.200 лица без работа на почетокот од годинава, покажуваат бројките на Агенцијата за вработување – иако според планот ќе се вработат речиси 8000 лица помалку.