Правда

Општината во Гостивар нема да прима странки поради големиот број на заразени од Ковид -19

Општината во Гостивар - Работник
30views

Влошената состојба со пандемијата и високиот број заразени со коронавирусот, ја принудија локалната самоуправа да го смени начинот на работа со странки. Првиот човек на општината посочува дека општинската администрација на Гостивар услугите ќе ги пружа со максимално избегнување физички контакти.

Во последното соопштение од Општина Гостивар се наведува дека граѓаните да не доаѓаат во зградата на локалната самоуправа без особени потреби, а сите потребни информации ќе можат да ги добијат на телефон. Новиот режим на работа ќе трае сè додека не се нормализира состојбата.

Градоначалникот Арбен Таравари упати молба до сограѓаните да ја земат предвид ваквата одлука и дека таа е во насока на зачувување на здравјето. Тој потенцира доколку граѓаните имаат потреба да завршат некоја работа или да добијат услуга, тоа да не го прават со доаѓање, туку со повикување на тел. број042/ 214 – 600 преку кој ќе може директно да се контактира со одговорните на сите сектори и служби.

Гостиварската локална власт нема донесено одлука како ќе работи администрацијата. Препораките за организирање на работата од Владата сè уште се разгледуваат и се очекува оваа недела да се реши дали општинарите ќе работат по принцип на ротација во рок од две недели, скратено работно време, работа од дома или поинаку.