- Advertisement -
Македонија

Општина Карпош: Екипите на терен – се очекува силен ветер и снег во попладневните часови

Општина Карпош - Работник
199views

Комуналните служби на Општина Карпош утринава продолжија со активностите за расчистување на јавните површини од вчерашното невреме во Скопје.

Како резултат на силниот ветер, се отстрануваа скршени гранки и паднати дрвја во повеќе населби.

Advertisement

На  терен работат сите хигиеничари, како и расположливата механизација.

Општина Карпош контактираше и со Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) при што, и во попладневните часови денеска се очекува посилен ветер пропратен со врнежи од снег.

Advertisement
Advertisement

Упатуваме апел до сите граѓани, да не ги паркираат своите возила под големи крошни од дрвја, како и да избегнуваат присуство на отворено.

Екипите на Општина Карпош се подготвени за делување, со цел спречување на штети од временските неприлики.

Advertisement