Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис
Во понеделник, 27.01.2020, Општина Кисела Вода организира информативен настан на тема “Отстранување, дислоцирање, уништување и дислоцирање на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС во стечај”.
На настанот на кој покрај градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, ќе присуствуваат и заменик Министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, претставници од Друштвото за собирање и примарна преработка на отпадоци извоз-увоз Екоцентар 97 ДООЕЛ, претставници од Државниот инспекторат за животна средина, од Град Скопје, стечајниот управник на АД ОХИС. Општина Кисела Вода ги поканува сите заинтересирани здруженија на граѓани и жители на општината кои ќе можат да дебатираат на оваа тема. Настанот, во понеделник ќе започне од 16 часот и ќе се одвива во Големата сала на Општина Кисела Вода.
- Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот - 13/10/2024
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024