Само 2 % од граѓаните во Македонија веруваат дека формалното образование е најважно за добивање на работа
Еден сегмент од истражувањето беше прашањето Што според вас е најважно за добивање на работата?
Мотивацијата и подготвеноста за работа е најважна според 35% од испитаниците во Македонија, 24% се одлучиле за знаењата и вештините кои ги поседуваат, а 20% се потпираат на работното искуство.

Останатите фактори како препораки, формално образование, познанства, среќа и партиска припадност, се застапени со нешто помалку од 10%.
Формалното образование како фактор е застапен со најмал процент (2%).
Македонците најмалку веруваат во среќа, a најмногу во мотивација
Интересен е фактот што само 2% од испитаниците размислуваат дека формалното образовние е најважно за добивање на работа.
Овој податок покажува дека имаме кандидати кои се подготвени да се адаптираат, дообучат и да прифатат работа која не им е „по струка.“

Во однос на разликите со другите земји, македонците процентуално најмалку веруваат во среќа како фактор за добивање на работа, а најмногу во мотивацијата и волјата на работа.

Извор: Vrabotuvanje.mk

