ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

За колку се зголемила вработеноста од третото тримесечје од 2020 до истиот период во 2021 година?

   Време за читање 1 минута

Бобан Илијевски

796.681 е бројката на вработените лица во третиот квартал од 2021 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од друга страна, во истиот период имало 148.477 невработени лица. Бројот на активно население изнесува 945.158 лица. 

„Во III тримесечје од 2021 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 945.158 лица, од кои вработени се 796.681, а 148.477 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56.2, стапката на вработеност 47.4, додека стапката на невработеност изнесува 15.7“, 

Податоците покажуваат дека бројот на вработени во третиот квартал од 2021 (796.681), во споредба со третиот квартал од 2020 година (785.561 вработени) е зголемен за 1.4 %, додека во однос на вториот кваратал од 2021 година (795.271) е зголемен за 0.18 %. 

Бројот на невработени лица во третиот квартал од 2021 година (148.477) е намален за 4.56 %  во споредба со истиот квартал минатата година (155.575) и е за 1,11 % помал од вториот квартал од 2021 година, кога невработени биле 150,141 лице. 

Најмногу вработени има во преработувачката индустрија, трговија на мало и трговија на големо, земјоделство, шумарство и рибарство, јавната управа и градежништвото. Тука мора да се земат во предвид и оние вработени коишто работат во сивата зона, односно не се осигурани. Нив ги има најмногу во градежниот сектор, но и во преработувачката индустрија. 

Во табелата подолу наведени се секторите во кои има најмногу вработени според податоците на Државниот завод за статистика. 

Извор: ДЗС

Фото: Pexels