Македонија

Отворени денови во општина Ѓорче Петров

   Време за читање помалку од минута

Како и секој вторник, така и во текот на утрешниот ден, во општина Ѓорче Петров од 9 до 11 часот во Салата на советот ќе се одржи отворениот ден со градоначалникот Александар Наумоски и дел од администрацијата.

Ова е одлична можност Наумоски и вработените да ги слушнат идеите, проблемите и забелешките на граѓаните и заедно да се работи во насока на подобрување на состојбите.