Откажување на договорот за вработување без отказен рок

Откажување на договорот за вработување без отказен рок
Работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаи кога има прекршување на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот:
1) неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година;
2) го злоупотреби боледувањето;
3) не се придржува кон прописите за здравствена заштита, заштита при работа, пожар, експлозија, штетно дејствување на отрови и други опасни материи и ги повредува прописите за заштита на животната средина;
4) внесува, употребува или е под дејство на алкохол и наркотични средства;
5) стори кражба или во врска со работата намерно или од крајно невнимание предизвика штета на работодавачот и
6) оддаде деловна, службена или државна тајна.
Дополнително со закон и колективен договор може да се утврдат и други случаи на кршење на работниот ред и дисциплина и на работните обврски за кои работодавачот може да го откаже договорот за вработување на работник без отказен рок.
Тимот на Јуридика