Пантелеон ГС: Креиравме можности за успешна кариера со американски плати во Македонија
Како да се изгради успешна кариера и да се задржат квалитетните кадри во домашната земја? Понекогаш успешната кариера не е поврзана со напуштање на земјата. Оваа теза е точна за стотина млади професионалци кои работат за американски компании, а живеат во Македонија. Тие не ја напуштаат земјата туку работат за американскиот пазар.
Компанијата Пантелеон ГС е пример за компанија што нуди таква можност на професионалците од нашата земја. Високи плати за младите луѓе кои работат за повеќе од 12 големи американски компании. Вработените имаат одлични работни услови, со можност за стекнување на врвни знаења во сферата на аутсорсинг услуги. Компанија им овозможува на своите вработени бројни лични бенефити како приватно здравствено осигурување, месечни претплати на спортски активности по избор и редовна достава на здрава храна. Секако, еден од најважните бенефити е финансискиот пакет кој е натпросечен на ниво на целата компанија.
Идејата на Пантелеон ГС да вработува талентирани и амбициозни луѓе од различни профили, допринесува кон задржување на квалитетни кадри во домашната економија. План, што несомнено помага значајно да се подобри финансиската ситуација на овие професионалци при што тие индиректно и директно ја збогатуваат својата локална заедница. Натпреварувањето на пазарот на таленти, како и задржувањето на квалитетните кадри во својата земја, ја прават оваа компанија пример за успешно вработување во Македонија.
Да се има ваква филозофија во бизнисот значи да се создаде огромен потенцијал за развој и на дополнителни вработувања. Поставувајќи пример за уште повеќе компании да го следат, Пантелеон ГС станува плодна средина, особено за помладата генерација на професионалци, за понатамошно развивање на својата кариера, разивање на повеќе вештини во работењето како и остварување на долготрајни релации со клиенти од развиените пазари во светот.