Пензионерите во ЕУ продолжуваат да работат бидејќи уживаат во тоа
Во Европска унија 13 % од граѓаните работат и по заминувањето во старосна пензија, објавил денес Евростат.
Речиси половина од луѓето кои продолжиле со кариерата работат под истите услови како пред пензионирањето, додека другата половина од луѓето ја смениле работата или ги намалиле работните часови, се додава во извештајот.
Анкетата која била спроведена минатата година исто така покажала дека најголем број на луѓе кои работат по одењето во пензија е регистриран во балтичките земји на ЕУ – во Естонија (54,9 %), Летонија (44,2 %) и Литванија (43,7 %).
Спротивно на тоа, најмал удел на активни пензионери е забелжан во Романија (1,7 %), додека во Грција изнесува 4,2%, а во Шпанија 4,9 %.
На прашањето зошто продолжуваат да работат после пензионирањето, најголемиот број од испитаниците, конкретно 36,3 % од нив, навеле дека уживаат во работата и дека сакаат да бидат продуктивни, додека 28,6 % рекле дека им се потребни финансиските средства.
Покрај тоа, околу 11,2 % од анкетираните наведуваат дека сакаат да го сочуваат својот социјален живот, додека 9,1 % истакнале дека нивната работа им овозможува добра заработка.
Најголем процент на луѓе кои продолжиле да работат поради тоа што уживаат е забележан во Данска – 61 %, Холандија – 59,6 % и Италија – 51,7 %, а најмал во Шпанија – 17,9 %, потоа на Кипар 19,1 % и во Словачка – 20,4 %.
Извор: b92.net
Фото: Shutterstock/Ruslan Huzau
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025