ЕкономијаМакедонијаНовости

Пензионерите продолжуваат со протести, не отстапуваат од своите барања

   Време за читање помалку од минута

Државата за едни е мајка, а за други маќеа, за едни има пари во Буџетот, а за други нема, вака незадоволните пензионери гледаат на процентуалното зголемување на септемвриските пензии од само 5,3 проценти, но тие продолжуваат со протести и не отстапуваат од своите барања. Светиниколските пензионери со низа прашања до министерката Тренчевска.

Велат, приморани се да протестираат за подобра егзистенција бидејќи оставени се да преживуваат со 12 илјади денари.

Инаку, последните податоци од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување покажуваат дека најниските пензии се движат од 11.897 до 15.250 денари. Тоа се 97.033 пензионери, односно речиси 30 отсто од сите пензионери, кои не знаат како да врзат крај со крај.

Извор: ТВ 24