Петрески за ТВ24: Рано е да зборуваме за крај на економската криза кај нас
Марјан Петрески, универзитетски професор во емисијата 24 анализа, смета дека причината за големмиот раст е ниската основа во вториот квартал во 2020, кога почна пандемијата. Го имаше најсилниот удар во економијата и имаше најголем број на затварање. Сега, во третиот и четвртиот квартал ќе се движиме по патеката на заздравувањето и најважната придобивка е што има знаци на заздравување, иако кризата трае.
– Има мал пад во индустриското производство кај секторите кои беа затворени и најмногу погодени, па има огромен раст. Неизвесноста е се уште присутна и ние немаме прогласено крај на здравствената криза. Преурането е да зборуваме за крај на економсата криза, дури и низ призмата на некои показатели. Може да прогласиме кога ќе го постигнеме нивото пред пандемијата, а тоа ќе се случи во првата половина на 2022. – вели Петрески.

