Пилотите на Су-27 не можат да се одморат, американските „Посеидони“ не се откажуваат од Црното Море
Руски борбени авиони го пресретнаа американскиот шпионски авион над Црното Море по трет пат за помалку од седум дена.
Рускиот борбен авион Су-27 беше подигнат откако американскиот шпионски авион П-8А „Посејдон“ повторно беше забележан над Црното Море, кој, како што е наведено, ги „скенирало“ руските јужни граници, пренесува Раша Тудеј.
Радарот го открил авионот во неутрални води во понеделникот, а потоа бил пресретнат од страна на борбен авион Су-27, чиј пилот од безбедно растојание потврдил дека станува збор за споменатиот американски авион, објави руското Министерство за одбрана.
П-8А „Посејдон“ потоа го смени курсот и почна да се оддалечува од руската граница, а Су-27 се врати во базата.
„Повреда на воздушниот простор не е дозволено“, посочи руското Министерство за одбрана во изјавата.
Ова е трет пат од четвртокот кога американските авиони се најдоа над Црното Море. Авионот П-8А „Посејдон“ беше забележан во четвртокот и петокот, а во двата случаи руската авијација реагираше со подигање на авионот Су-27.
Извор: rts.rs

