Платата е сигурна, работа колку сакаш, а никој не сака да работи: Хрватска има проблем
Во хрватскиот систем на предшколско воспитување недостигаат воспитувачи и стручен персонал, а претседателката на хрватскиот Синдикат на работници во предшколски установи вели дека никој не се пријавува на бројните конкурси и дека се’ погоглем број на недоволни квалификувани лица ја преземаат работата со деца.
Претседателката на синдикатот на работниците во хрватските предшколски установи, Искра Вострел Прпиќ истакнува дека продолжувањето на траењето на студиите е една од главните причини за недистигот на воспитувачи, пренесува Хина.
Пред неколку години факултетите од тригодишни преминале на петгодишни студиски програми, што го забавило излегувањето на нови стручни кадри на пазарот на труд. Иако е можно да се вработат после три години, многу студенти сепак избираат да ја завршат целата петгодишна наставна програма, вели Востерл Прпиќ.
Според некои процени, во Хрватска недостигаат повеќе од 5,000 воспитувачи, но претседателката на синдикатот предупредува дека недостигот би можел да биде поголем земајќи го предвид бројот на градинки изградени во последните две до три години.
Дел од воспитувачите ја напуштаат професијата поради нестабилноста на системот и незадоволството од ситуацијата во таа област, но има и такви кои едноставно сфаќаат дека не се пронаоѓаат во работата со деца, рекла Вострел Прпиќ.
Извор: Телеграф
Фото: Shutterstock