МакедонијаСиндикат

“Плата во културата сѐ уште нема – Министерката да објасни зошто”

   Време за читање помалку од минута

Фејсбук статус на претседателот на СОНК, Јаким Неделков:

ПЛАТА ВО УСТАНОВИТЕ ОД КУЛТУРАТА СЕУШТЕ НЕМА!

Членовите на СОНК, вработени во дејноста kултура, бараат од министерката за kултура да излезе јавно и да објасни зошто сеуште нема плата. Да го направи истото што го направи и на 1 Април (изборот на датумот е случаен или не), односно да повтори дека синдикатите неосновано шират дезинформации и создаваат паника во членството. Нека потврди дека мартовската плата ќе се исплати со најголемо покачување до сега, се разбира на време. Но, нека каже кога ќе се случи тоа, која е причината за доцнењето и сепак нека признае дека синдикатите оправдано се сомневаа во неприфаќањето на методологијата за пресметка на плата, која за државните органи (неоправдано) направи проблем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *