МакедонијаСиндикат

СПМ: ПОДНЕСЕНА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА ЧЛЕН 29 ОД ПРАВИЛНИКОТ НА ОВККИПС

Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:

ПОДНЕСЕНА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА ЧЛЕН 29 ОД ПРАВИЛНИКОТ НА ОВККИПС‼️

Почитувани колеги и колешки, членови на СПМ,

Ве известуваме дека СПМ до ценетиот Уставен суд на Македонија поднесе иницијатива со која се надеваме дека ќе биде исправена една голема неправда, која им се нанесува на сите припадници на МВР.

Имено, со иницијативата СПМ побара од Уставниот суд на Македонија да ја поништи или укине одредбата, односно членот 29 од подзаконскиот акт – Правилникот од кој ги црпат правата, обврските и овластувањата припадниците на внатрешната контрола.

За помалку упатените, со член 29 е предвидено дека колегите, т.е. работниците на ОВККИПС се однапред амнестирани од евентуална дисциплинска, но и можна кривична одговорност кога постапуваат по претставки од граѓани, односно кога вршат распит на полициски службеници.

Со оваа иницијатива, СПМ побара да се поништи или укине оваа одредба и припадниците на ОВККИПС да може да одговараат, макар и дисциплински за пречекорувањата кои се почесто ги прават, кога вршат распит на полициски службеници, поднесуваат извештаи, кривични пријави и слично, а кои се на граница со нивни извршени кривични дела или дисциплински повреди.

Воедно, ваквите чести постапки на ОВККИПС, како многу други, СПМ ги истакнува речиси на секоја дисциплинска расправа која е поведена по предлог на ОВККИПС, за што постојат соодветни писмени акти.

Се надеваме дека правдата ќе биде задоволена и дека Уставен суд ќе одлучи во прилог на сите полициски службеници на МВР, но пред сѐ во прилог на Уставот и законите кои, треба да владеат во МАКЕДОНИЈА.

Професионализмот пред сѐ и над сѐ‼️

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#новатаеранапрофесионализмот

#силанановотовреме