КолумниНовости

ПЛАТ ЗА ЖИВОТ И МАЃЕПСАНИОТ КРУГ РАБОТОДАВАЧИ – РАБОТНИЦИ

   Време за читање 2 минути

Приватниот сектор продолжува да не наоѓа работници иако некои од работодавачите започнуваат да ги менуваат работните пракси кои одеа на штета на вработените. Платите не се единствена причина поради егзодусот на работниците, тука е се и лошите работни услови и нефункционирањето на одредени синдикати кои се потпираат на популизмот. 

Егзодусот на работна сила продолжува

Приватниот сектор не може да најде работници и покрај тоа што имаме голем број на невработени во Агенцијата за вработување. Тука нешто смрди нели? Факт е дека имаме голема миграција на работоспособно население во западноевропските земји. Впрочем и дел од оние кои се водат како невработени се заминати некаде надвор. Дел работат во сивата економија и земаат социјална помош, а дел се навистина невработени, но немаат мотивација да бараат работа – во центрите за вработување се пријавуваат од што мораат.

Ова значи дека нешто треба да се смени; потребни се реформи кои навистина ќе дадат резултати. Ќе бидат болни на почетокот, но и есенцијални ако сакаме да го прекинеме тој маѓепсан круг на работодавачи кои констатно се жалат дека не можат да најдат работници и работници кои се жалат дека не можат да најдат добра работа. 

Владата мора да започне да го решава овој проблем. Нека земат примери од западните земји, ги има еден куп.

Барањето за зголемување на минималната плата да се замени барање за ПЛАТА за ЖИВОТ

Да, сите сакаме да имаме поголема минимална плата. Кога сме кај барањата за раст на платите, дајте да бараме воведување на Плата за Живот како што имаат некои западни држави. Платата за живот би требало да ги покрива сите трошоци на едно семејство и да му овозможи да го живее месецот, а не да го преживува.

Можеби ова барање не да се исполни веднаш, но важно е едногласно да се бара. Минималната плата треба да ја земаат само оние работници кои се на почетни работни позиции.