Повеќе за неплатеното родителско отсуство

Неплатено родителско отсуство
Покрај отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство, по завршувањето на истото, работничката согласно Законот за работни односи има право на неплатено
родителско отсуство до три месеци во периодот до навршување на тригодишна возраст на детето, во најмногу три дела, заради грижа за детето.
Доколку за време на користење на ова право работничката забремени, не го губи правото на надоместок на плата по основ на бременост, раѓање и родителство. Исто така на работничка која дои и по изминувањето на отсуството поради бременост, раѓање и родителство, ќе започне да работи со полно работно време, има право на платена пауза во текот на работното време, во траење од еден и пол час дневно, во кое време се засметува и дневната пауза. Тоа право го има работничката до наполнета една година возраст на детето.
Тимот на Јуридика