ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ, ПОНИСКИ ТРОШОЦИ ЗА РАБОТОДАВАЧИТЕ

   Време за читање 1 минута

Платите на вработените можат да растат, а државата ќе ги ослободи работодавачите од плаќање на тој дел од придонесите. Ова ќе важи со исплатата на платата за јануари, а како можност ќе се применува од првиот до последниот ден на 2024 година. Сето ова е предвидено во текстот на Предлог законот за ослободување од плаќање на дел од придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, подготвен од Министерството за труд и социјална политика, а кој веќе е доставен до Собранието.

На овој начин, се вели во образложението, ќе се стимулира зголемувањето на платите за вработените, затоа што ќе се намалувааат трошоците за работната сила кои ги засегаат работодавачите. „Преку законското решение, работодавачите се стимулираат да ја зголемуваат нето-платата без да имаат обврска да ги исплатат придонесите за исплатеното зголемување на платата“, наведено е во предложениот законски текст.

Оваа погодност е наменета за сите активни фирми, односно за тие кои не се во постапка на стечај, ликвидација или бришење согласно Законот за трговските друштва. Но, и кои немаат ненамирени обврски по основ на бруто-плата до денот на побарување на ослободувањето на дел од придонесите.

Повеќе на Пари