Покажете барем трунка искреност кон народот
Мини – колумна
Автор: Бобан М. Илијевски
Нашиве ни политичари можат барем еднаш во животот да бидат искрени со народот и работниците и да кажат дека во 2024 година нема да има никакво зголемување на платите во јавниот сектор и дека платите би се зголемиле најмногу за 13 до 15 %.
Ова во најголем дел ги засега вработените во јавниот сектор, но со тоа што ќе излезат и јавно ќе го кажат ова ќе му предочат на народот дека барем за нешто се искрени.
Земете го примерот со Претседателот на Франција, Емануел Макрон и пензиската реформа која предизвика низа на демонстрации. Макрон јавно излезе и кажа дека планира да ја спроведе, иако кај голем дел од народот е против неа. Со примеров сакам да доловам дека бил искрен и покрај тоа што луѓето се против неа.
Токму поради тоа криење, како држава не напредуваме, туку стагнираме. На денот кога политичарите ќе научат да бидат поискрени со народот и да го слушаат истиот, државата има шанси да тргне напред.
Колумната е дело на авторот и во ниеден случај не ги изразува официјалните ставови на порталот Работник

