МакедонијаПравда

Полицаец при чистење на пиштолот си пукал во раката

Полицаец при чистење - Работник
165views

Изутринава во 06,15 часот во Полициската станица Гази Баба, во службена просторија полицискиот службеник Д.Ѓ.(26), кој бил на работа при чистење на службениот пиштол испукал еден куршум и се повредил во пределот на левата дланка.

За време на настанот во просторијата бил и уште еден полициски службеник кој не бил повреден. Д.Ѓ. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.