Половина од припаднциите на оваа генерација не сакаат да работат за корпорации, туку за себе
Подготвил: Бобан Илијевски
Генерацијата Зи повеќе не сонува за пронаоѓање на совршената работа. Наместо тоа, се‘ повеќе млади луѓе тежнеат кон рамнотежа вон работното време од 9 до 17.
Според новиот извештај на компанијата Samsung и истражувачката агенција Morning Consult, дури 50 % од припадниците на генерацијата Зи настојуваат да станат претприемачи или да започнат сопствен бизнис.
Извештајот, кој опфатил повеќе од 1,000 припадници на генерацијата Зи на возраст од 16 до 25 години, открива дека младите се‘ повеќе се разочаруваат од традиционалниот свет на работа и дека сакаат поголема флексибилност и можности. Многумина го гледаат претприемништвото како најпристапна кариера која овозможува постигнување на овие цели.
Како што онлајн разговорите за претприемништвото и алтернативните кариерни патишта земале се поголем замав во текот на пандемијата, така пораснал и интересот на генерацијата Зи за водење на сопствен бизнис, рекла Ен Ву, шеф на корпоративно – социјално ангажирање во компанијата Samsung Electronics America.
– Она што некогаш изгледало како единствен пат за напредување, пронаоѓање на постојана работа, сега се претворило во многу различни опции. Идејата за водење на кариера која ја осмисливме и која ги има сите елементи кои ги сакаме, претставува силен извор на мотивација и чувство на моќ кои, верувам, се единствени за генерацијата Зи во споредба со постарите генерации – рекла таа.
Новата економија на креаторите
Порастот на популарноста на платформите како што се TikTok, Instagram и YouTube создал нова класа на претприемачи наречени „креатори“, која вклучува фриленсери, деловни консултанти, гејмери и други професионалци кои ги споделувааат и монетизираат своите вештини на овие платфори, пишува CNBC Make It.
Генерацијата Зи, како генерација која најчесто е „онлајн“, брзо сфатила дека „штом започнете да создавате содржина која привлекува следбеници, можете да заработите и да станете претприемач“, истакнала Ву.
Натали, 26 годишна ѕвезда на TikTok позната по своите видео клипови во кои се шегува на сметка на работната култура, во јули 2022 година ја напуштила својата работа во технолошката индустрија за да стане креатор.
Натали пораснала опкружена со претприемништво во Силиконската долина, но не можела да замисли да стане претприемач се‘ додека не го поставила своето прво видео на TikTok во ноември 2020 година. Само една година поминала во канцеларија пред пандемијата да ја принуди да работи од дома. Одеднаш, Натали јадела, спиела и работела во истата мала соба во својот стан во Сан Франциско.
@corporatenatalie Personal day slay #genz #genzfeedback #comedy #performancereview #millennial ♬ original sound – CorporateNatalie
Тешко е да се почне од нула
– Го прегледував TikTok еден ден после работа и ги видов сите тие успешни креатори на содржини на платформата и помислив, ‘Зошто не јас? Зошто не можам да го направам ова?’ – се потсетува таа.
Три години подоцна, Натали има повеќе од 500,000 посетители на платформата.
– Секако, го сакам тоа. Можноста да го контролирам својот распоред или да работам на далечина е возбудлива – признала таа.
Меѓутоа, како што додала „реалноста на претприемништвото е дека е навистина тешко да се изгради нешто од нула“.
Натали открила дека ја балансирала својата TikTok работа, договори со брендови и ангажирање, со својата постојана работа речиси две години пред да одлучи да се посвети само на својата кариера.
– Во суштина сум личност која се плаши да преземе ризик, па мојот совет до другите креатори е секогаш да внимаваат на финансиите и реалноста на животот на основа на договорите со брендовите или животот на основа на средства собрани од инвеститори за нивната компанија, без оглед како е тоа организирано – објаснила таа.
Според неа, можеби ќе морате да го промените својот начин на живот и да направите некои други жртви за да ги остварите вашите цели.
Како размислувањето и однесувањето на генерацијата Зи влијаат на нивните избори во кариерата?
Истражувањата исто така сугерираат дека генерацијата Зи може да биде посклона кон покренување на свои компании бидејќи поинаку го набљудува светот.
Во мај, компанијата ZenBusiness, онлајн платформа која им помага на луѓето да започнат и управуваат со свои фирми, спровела анкета меѓу 1,000 припадници на генерацијата Зи на возраст од 18 до 25 години. Повеќе од половина од испитаниците се опишале себеси како невродиверзивни, што значи дека имаат различни начини на размислување, учење и обработување на информациите. Повеќе од 80 % од генерацијата Зи верува дека невродиверзитетот е поголема предност во претприемништвото отколку во традиционалната кариера.
Исто така, генерацијата Зи покренува и „здрава доза на нетрпение. Не сакаат да чекаат да се искачат по корпоративната скала или да бидат препознаени како ‘лидери на мислата’ во својата индустрија за да постигнат позитивно и мерливо влијание во кариерата“, навела Ву.
Извор: BIZLife
Фото: Freepik

