НовостиПравда

Поништени 3000 вработувања и унапредувања кои биле направени за време на изборниот процес

   Време за читање 1 минута

По жалбата на заменик-министерката за финансии во техничката влада, Елена Петрова Вишиот Управен суд донесе одлука со која се поништуваат сите вработувања и унапредувања во јавниот сектор а се без врзан потпис од министерот за финансии и дополнителниот заменик министер за финансии.

Ваквите активности за време на изборна кампања отвораат можност за сомнеж за влијание врз изборниот процес, а од аспект на Законот за спречување корупција се врши незаконско располагање со јавните добро-оценува дополнителната министерка за финансии.

Според Петрова се работи за околу 3.000 вработувања и унапредувања во јавната администрација кои сега со поништување на одлуките на ДИК, вработувањата и унапредувањата немаат правно дејство затоа што се без врзан потпис.

„Со ова се докажа дека Министерот за финансии, по формирањето на техничката Влада, незаконски ги потпиша согласностите за вработувања во јавниот сектор за околу 3000 лица, на неопределено време, определено време, привремени вработувања, договори на дело, авторски договори и превземања. Незаконити се и одлуките за вработување и унапредување во МФ. Согласно пресудите на Вишиот Управен суд, сите овие одлуки не може произведуваат правно дејство, затоа што е поништена одлуката на ДИК за прашањето за врзаните потписи“ кажа Петрова

Претходно министерот за финансии поднел барање до ДИК да донесе одлука за овие предмети. Имено согласно законот за Влада, доколку постои неусогласеност меѓу првите двајца во ресорното министерство, надлежна е државната изборна комисија која донела одлука дека овие вработувања не претставуваат акти кои се однесуваат на прашања поврзани со изборниот процес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *