Постигнат е договор меѓу Синдикатот и раководството на МВР, сите издадени наредби да бидат потпишани од министерот и дополнителниот заменик министер
Со потпишување на Записникот од работните состаноци од страна на Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев, дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и Претсдателот на Македонскиот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев успешно завршија преговорите помеѓу раководството на Министерството за внатрешни работи, се вели во соопштението од Македонскиот Полициски Синдикат.
Имено како и што бевте известени во деновите 21,23 и 24.02.2020 година во просториите на Министерството за внатрешни работи, на иницијатива и под медијација на Македонскиот полициски синдикат беа одржани три работни состаноци на кој учествуваа Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев, дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и Директорот на БЈБ Сашо Тасевски со своите работни тимови, како и Претсдателот на Македонскиот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев, Генералниот секретар Киро Трајковски и Советникот на претседателот Златко Цветковски, пишува Скопје 1.
Целосниот текст прочитајте го тука