Останато

Постојат десет знаци дека можеби е време да го промените работното место

Постојат знаци кога можеби е време да ја промените работата. Некои од тие знаци се многу јасни, а потребно е да размислите за секој од нив.

Порталот CareerFoundry издвоил десет работи за кои би требало да размислите, а кои укажуваат на тоа дека би требало да направите промена.

Телото ви вели дека ви е доста

Дали имате страв од вечерата во недела? Ако имате, тогаш веројатно е време да размислувате за тоа дали треба да дадете отказ. Не е случајно што анксиозноста се појавува во недела навечер, бидејќи телото кажува што ќе се случи во понеделник и не е среќно поради тоа. Главоболката, напнатност во мусулите и мигрената се некои од знаците дека имате погрешна кариера. Поради тоа, обратите внимание на тоа дали сте секогаш исцрпени, дали тешко се концентрирате и дали имате болки во пределот на екстремитетите.

Вашата работа влијае на вашата самодоверба

Ако почнувате да се сомневате во себе и работата која ја работите, тогаш е потребно да промените нешто драматично во вашето работно опкржување. Никогаш нема да ви биде исплатливо да работите нешто што ве прави да се чувствувате лошо, без оглед на износот на платата или поволностите.

Ниедна од поволностите не вредна ако се чувствувате понижено. Тоа долгорочно може да влијае на вашата емотивна состојба и доведува до тоа да и најмалата работна задача ви стане невозможна. Кариерата би требало да ја стимулира вашата самодоверба и вашата самопочит, а не обратно.

Поради тоа, обратете внимание на тоа дали сте сигурни во своите одлуки, дали се чувствувате дека вашите предлози не се прифаќаат и дали имате можности за кариерен раст или напредок.

Работите само поради пари

Една песна на Бителси гласи: „Парите не можат да ми купат љубов.“ Истото е и кога на работа не сте присутни со срцето. Имањето на доволно пари за живот е многу важно, но не е вредна работата од која многу заработувате на штета на својата среќа. Работата која ги надминува парите е онаа работа која ве прави да чувствувате дека го следите својот повик и која ви носи лично и професионално задоволство. Материјалните работи не можат да ја надоместат омразата кон работата. Поради тоа, обратите внимание на тоа дали работите само поради добрата плата, дали купувате убави работи само за да го надоместите незадоволството предизвикано од работата и дали им завидувате на пријателите кои се на послабо платени работни места, но се задоволни.

Сонувате за долга кариера

Уште еден показател дека можеби е време да ја промените работата е ако на моменталното работно место времето го поминувате седејќи на столица, гуглајќи работни места и означувајќи интересни компании и со копнеж се прашувате како е да се работи друга работа. Стара е поговорката дека одложената надеж го прави срцето болно. Слушнете го вашето срце и направете промени во својата кариера, за да го направите среќно.

Обратете внимание на тоа колку често на моменталното работно место пребарувате огласи за работа, колку често читате за животите и кариерите на луѓето на кои им се восхитувате, за да ги пренасочите вашите мисли од сопствената работа и дали мрзите на луѓето да им објаснувате што работите.

Ви недостига енергија и вечно ви е досадно

Никој не очекува дека секој ден ќе биде исполнет со интересни работни задачи. Секој од нас има денови кога му недостигаат енергија и ентузијазам, за да биде на ниво на задачата. Меѓутоа, тоа не би требало да се случува често. Може да се случи да не ви се допадне одредена задача, но кога целата работа/компанија/кариера ви е досадна, тогаш е време за промена. Намаленото ниво на енергија, исто така, може да биде знак дека нешто не е во ред и дека е потребно да се променат работните параметри. Поради тоа, обрнете внимание на тоа дали наутро се борите да станете од кревет, за да одите на работа, дали сте уморни преку целиот ден, дали ви е тешко да останете будни, дали сте во ситуација да не можете да придонесете кон било што и да не можете да глумите ентузијазам.

Понатаму, обратете внимание на тоа дали имате чувство дека работното време ви поминува бавно и запрашајте се дали веднаш би ја напуштиле работата доколку тоа можете да го направите.

Сте се одвоиле од своите страсти

Дали чувствувате дека сте одвоени од првобитната причина поради која сте ја започнале кариерата? Можеби креативноста, која првобитно ве привлекла, повеќе не е дел од вашата работа и повеќе време поминувате работејќи го она што не е толку важно.

Враќањето на темелните причини поради кои сте ја започнале кариерата може да ви помогне кога размислувате за промена – дали тие вредности се‘ уште ги барате во својата кариера или вредностите ви се промениле со годините и искуството.

Поради тоа, обрнете внимание дали го работите она поради кое и сте влегле на работа, дали чувствувате дека работата ви одзема скапоцено време од она што навистина ве интересира, како и дали самите себеси не се препознавате поради моменталната работа.

Љубоморни сте на работните места на пријателите

Чувството на љубомора кон работните места, кариерата и работната култура на пријателите и семејствата можат да бидат клучен показател дека сакате да работите нешто друго и на друго место. Наместо да ја отфрлите љубомората како лоша работа, пробајте да анализирате зошто се чувствувате толку лошо. Кога размислувате за тоа, обидете се да бидете искрени кон себе, бидејќи тоа може да биде многу практичен начин за точно да одредите на каде треба да продолжи вашиот кариерен пат.

Поради тоа, обратете внимание дали често велите дека одлично звучат работните места на вашите пријатели и дали фантазирате за креативноста и флексибилноста кои тие ги имаат на работните места.

Сте станале апатични кон промени

Можеби совршено функционирате на работа, но ви недостига желбата на својот надреден да му предложите нови идеи или да поттикнете промени во вашата компанија. Можеби вашите претходни предлози биле занемарени или директно одбиени. Можеби работите за компанија која попрво би сакала да работите за она што сте платени, наместо да предлагате подобрувања.

Во таква ситуација е тешко да се остане мотивиран. Ако имате многу одлични идеи, време е да одите некаде каде тие ќе се прифатат и ценат. Доколку тоа значи да работите за себе, тогаш направете го тоа.

Поради тоа, обрнете внимание дали сте заинтересирани за компанијата во која работите, немојте повеќе да барате шанси за унапредување и чувајте ги своите идеи за работата во која навистина ќе уживате.

Дали би сте заминале да можете?

Прашајте се себеси дали веднаш би сте заминале да можете, а да останете финансиски сигурни. Ако одговорот е потврден, тогаш морате да работите на тоа како тоа да го направите. Започнете да размислувате за тоа како да ја изградите кариерата или работата која е во согласност со вашите страсти. Поради тоа, обрнете внимание на тоа парите да не се единствената работа која ве одржува во работата и штедите од ден за ден, за да можете да дадете отказ.

Пријателите повеќе не ве препознаваат

Кога пријателите или семејството ќе забележат значајна разлика во вашиот став или однесување, дека сте под стрес, дека сте несреќни и дека се жалите, тоа може да значи дека кариерата не ви оди добро.

Доколку блиските лица до вас можат да видат дека работата ви зема данок и дека не ве прави среќни, време е да започнете да размислувате за себе како за личноста која ја познавале и како можете повторно да станете таа личност. Ако тоа значи откажување од работата, откажете се од неа.

Поради тоа, обрнете внимание на тоа дали имате време за семејството и пријателите, ако имате време, дали сте под стрес, дали сте незадоволни и дали ви недостигаат време и енергија за работите кои некогаш ве правеле среќни, пишува порталот CareerFoundry.

Извор: Klix.ba

Фото: Unsplash

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk