Потребна е измена на Кривичниот Законик за поголема заштита на новинарите и медиумските работници
Прашањата кои е потребно да се уредат во однос на работничките права на новинарите и медиумските работници, како и овозможување на соодветни услови за новинарите слободно да ја ја вршат својата работа, биле теми на разговор помеѓу претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Претседателот на Р. Македонија, Стево Пендаровски, на средбата која денеска се одржала во „Вила Водно“.
На средбата се разговорало за состојбата со слободата на медиумите во Македонија, синдикалното организирање, како и предизвиците со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници.
Било констатирано дека медиумските слободи сеуште преставуваат предизвик за кој е потребен ангажман на сите засеганите страни, со цел да се најдат долгорочни решенија.
Од страна на ССНМ било истакнато за иницијатива на која работат со останатите релевантни медиумски оргнизации за измена на одредбите од Кривичниот Законик, со кои на би се овозможило нападите врз новиниарите и медиумските работници да бидат остражувани по службена должност.
Претседателот Пендаровски дал поддршка за измени во Кривичниот законик со кои ќе се овозможи нападите врз новинарите и медиумските работници да се третираат како кривични дела кои ќе се гонат по службена должност.
На средбата се разговарало и за работата на новинарите и медиумските работници во услови на КОВИД-19, при што била истакната важноста на медиумите за известување во време на пандемии и непогоди.
Дополнително било нагласено дека сите институции, организации и компании кои ги канат медиумите на своите настани е потребно да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од КОВИД-19 и да се обезбедат соодветни услови за медиумите да ја извршуваат својата работа.
Бобан Илијевски
- КСС организира Првомајска конференција на тема: „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“ - 28/04/2025
- Германија исплаќа најмногу пензии во Хрватска – дури 84.393! - 28/04/2025
- Вработени во РТС поднесоа петиција до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите - 28/04/2025