Почина градежен работник затрупан под песок
Време за читање помалку од минута
Градежен работник од Штип почина рано утринава, откако го потрупало поголема количина на песок.
Основниот јавен обвинител, Ристе Бојаџиски информира дека настанот се случил во месноста Ежово поле во близина на Штип.
Обвинителот наредил обдукција на телото, а увидот се врши од страна на полицијата и е повикан инспектор за заштита при работа, кој треба да утврди дали се запазени стандардите за заштита на работникот на работното место.
Од полицијата најавуваат дека со повеќе детали ќе излезат откако ќе заврши увидот на местото на несреќата.
Latest posts by Портал Работник (see all)
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024
- Во петок прв официјален Економско социјален совет - 05/12/2024