ПравдаСветот на работникот

По реакцијата на Вучиќ, сопственик на хотел рекол дека ќе ги задржи сите вработени

   Време за читање 1 минута

Сопственикот на Хотелот „Наис“ во Ниш, Србија, Ивица Тончев и покрај економските загуби кои претстојуваат, ќе ги задржи сите работници на платен список додека трае вонредната ситуација.

Во соопштението доставено до српските медиуми, Тончев наведува дека таа одлука ја донеле по реакцијата на Претседателот на Србија, но и како што вели, се свесни за сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа Србија.

„Одлучивме да ги зачуваме своите работници и нивните семејства за да уживаме во времето кое доаѓа по победувањето на корона вирусот. Ова тешко време бара солидарност од сите нас и ние сакаме да покажеме дека секогаш ќе бидеме со Србија. Ќе ја продолжиме заедничката борба против корона вирусот и економските последици кои ги предизвика и ќе победиме“, навел Тончев.

Тој во соопштението ги навел имињата на сопственикот и менаџментот на хотелот „Наис“ и му се извинил на Претседателот Вучиќ, но и на работниците кои се вознемириле поради можноста да ги изгубат своите работни места.

Претходно денска, Вучиќ на профилот „Budućnostsrbijeav“ на Инстаграм напишал дека хотелот „Наис“ во сопственост на Ивица Тончев нема да ја има поддршката од државата бидејќи отпуштил 60 отсто од вработените.

Истовремено, Вучиќ ја повторил молбата до сите работодавачи да ги чуваат работниците.