Правно толкување на прекувремната работа (1 дел)

Прекувремена работа (прв дел)
Согласно Законот за работни односи, работникот е должен на барање на работодавачот да врши работа преку полното работно време (прекувремена работа) во случаи на исклучително зголемување на обемот на работата, доколку е потребно продолжување на деловниот или производниот процес или пак ако е нужно да се отстрани оштетување на средствата за работа, што би предизвикало прекинување на работата. Прекувремено може да се работи ако е потребно да се обезбеди безбедност на луѓето и имотот, како и безбедноста на прометот, како и во други случаи определени со закон или колективен договор.
Прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, освен за работите кои поради специфичниот процес на работа не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени. Прекувремената работа во период од три месеци не може во просек да надминува повеќе од осум часа неделно.
Тимот на Јуридика