Наука

Првата Американка во вселената стана прва жена што стигна до најдлабоката точка во океанот

341views

Кети Саливан, астронаут на НАСА, влезе во историјата викендов со тоа што стана првата жена што стигна до најдлабоката точка во светските океани и првиот човек што бил и во вселената и на таа длабочина во океанот. За да го одбележи настанот, Саливан разговараше со астронаути во Меѓународната вселенска станица додека беше во подморницата.

Во 1983 г. Саливан беше првата Американка во вселената. Сега е осмата личност што стигна до најдлабоката точка во светските океани, што се наоѓа на длабочина од 11 километри од површината на океанот.

Повеќе прочитајте на факултети.мк