ЕкономијаМакедонија

Превозниците се задоволни од одлуката на Владата

Превозниците се задоволни од одлуката на Владата, да им се зголеми капацитетот во автобусите и комбињата од 50 на 75 отсто. Тоа значи дека ако досега се возеле по 26 патници, нивниот број ќе се зголеми на 35. Вака е можно да се работи на граница на рентабилноста, а е во согласност и со правилата и протоколите во превозот и со соседните држави и ЕУ.

Речиси цела година, поради пандемијата, најголемиот дел од превозниците ги почитуваат здравствените препораки и возеа со 50 отсто од бројот на седиштата во автобусите и комбињата.

Според податоците од Светската унија на превозници (ИРУ), во многу земји веќе е дозволено да вози со стопроцентна исполнетост на туристичките автобуси, објави Вечер.

За непочитување на владините одлуки поврзани со организираниот превоз се предвидени високи парични глоби до 2.000 евра. Ова е четврта одлука на Владата за патничкиот превоз од почетокот на пандемијата. Според податоците на Државниот завод за статистика, во последните три лански месеци, патничкиот превоз e намален за речиси 52 отсто во на истиот период од 2019 година.