Пред Влада пак се протестираше
Време за читање помалку од минута
На Илинденска, пред Влада, вчера
повторно беше блокиран сообраќајот. Како и секој вторник и петок, и денеска група од стотина стечајни работници од „ОХИС“ си ги бараат 24те неисплатени плати. За „Слободен печат“ тие информираат дека нивни претставници се примени на разговор во Владата, но не се големи оптимисти дека од разговорот ќе произлезе решение на нивниот проблем, пишува Слободен Печат.