Престанок на договорот на определно на вработена додека користи породилно отсуство – Лекција по трудово право
Тема на денот: престанок на договорот за вработување на вработена на определено време додека користи породилно отсуство
Членот 101 од Законот за работните односи во ставот 1 гласи: „Работодавачот не смее да го откаже договорот за вработување на работникот за време на бременост, раѓање и родителство, за време на сместување на дете кај посвоител, отсуство од работа за родителство од страна на татко или посвоител на дете и скратено работно време поради грижа за дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби и спреченост за нега на дете до тригодишна возраст.“ Оттука, неспорно е дека основната заштита на вработената за забрана на отказ за време на породилно и родителско отсуство е предвидена согласно ЗРО.
Но, ставот 3 на членот 101 предвидува исклучок кој гласи: Околностите од ставот (1) на овој член не го спречуваат престанокот на договорот за вработување склучен на определено време, со истек на времето за кое тој договор е склучен“. Ова значи дека доколку работниот однос кој е склучен на определено време со вработената, престанува во рокот за кој е склучен, без разлика на фактот што вработената користи породилно отсуство.
ПОГРЕШЕН Е ставот дека на ваработената по сила на закон треба да и продолжи работниот однос, најмалку до завршување на породилното отсуство.
ПОТРЕБНО Е да се изрази воља преку формален анекс од страна на работодавачот и вработената за продолжување на работниот однос, односно неговото времетраење.
Доколку работниот однос сепак престане, вработената има право на користење на паричен надоместок до завршување на породилното отсуство на товар на Фондот за здравствено осигурување.
проф. д-р Лазар Јовевски
РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО
Тема на денот: престанок на договорот за вработување на вработена на определено…
Posted by Проф. д-р Лазар Јовевски on Monday, December 21, 2020

