Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески на средба со претсдеателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски
Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески одржа работна средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, во просториите на општината. На средбата се разговараше на повеќе теми, значајни за бизнисот и општините. Стана збор за проблемите на бизнисите, децентрализацијата и инвестиционата активност на општините. Интересот на најголемата и најзначајна бизнис организација е инвестиционата активност да се пренесе низ целата држава, со што ќе се овозможи зголемен раст на бруто домашниот производ, како и остварување на целите од континуирано зголемување на растот, со што пак ќе се возможи поголем стандард за граѓаните и развој на компаниите.
Стопанската комора ќе ги поддржи сите интенции на Владата кои одат во правец на остварување на раст над 4%, градење на правна држава, како и владеење на принципите на пазарната економија.
Во разговорите градоначалникот го информираше претседателот Азески за активностите на општината на тој план, а беа разменети и мислења за градење на имплементација на сите политики кои водат кон остварување на оваа суштинска цел – ослободување на сите невралгични точки за равој на бизнисот, создавање на поволна бизнис клима и изнаоѓање на решенија коишто ќе овозможат поддршка на сите бизниси кои остваруваат додадена вредност, водат сметка за заштита на еколошката средина и отвораат нови работни места.
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025