МакедонијаНовостиСиндикат

Претставници на Синдикатот на ССКЦ остварија прва работна средба на новиот министер за здравство др. Арбен Таравари.

   Време за читање помалку од минута

На првата средба претседателот на ССКЦ  др. Предраг Серафимовски заедно со претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски разговараа за прашања кои се важни за вработените во здраствените установи.

На средбата е разговарано за одржување и унапредување на дијалогот меѓу социјалните партнери, за концептот на здравствената заштита, за условите на здравствената заштита во насока на претстојните реформи во здравството и за други прашања врзани за уредувањето на односите во здравствениот систем.

Сепак главна тема е потпишувањето на нов колективен договор и започнување на преговори за линеарно покачување на платите.

Двете страни констатираа дека социјалниот дијалог и интензивната соработка меѓу министерството и синдикатот ќе продолжат во континуитет.

20240723 223207