НовостиСветСиндикат

Пристаништните работници во Америка го прекинаа тридневниот штрајк

   Време за читање 1 минута

Американските пристаништни работници на Источниот брег на САД и Мексиканскиот залив, односно од брегот на сојузната држава Мејн до Тексас, го прекинале големиот тридневен штрајк кој бил закана за трговијата и можел да нанесе значајна економска штета, пренесува б29.нет.

Синдикатот на пристаништните работници ILA, кој има помеѓу 50,000 и 85,000 членови, во заедничко соопштение со Поморската алијанса на Соединетите Американски Држави (USMX) навел дека претходниот договор е продолжен од двете страни до 15 јануари, пренесува Блумберг.

Работниците од денеска повторно се на работа, а двете страни ќе ги започнат повторно преговорите за долгорочна спогодба која вклучува зголемување на платите за околку 62 % во наредните шест години.

На овој начин ILA и USMX добиле дополнително време да решат некои од спорните прашања без да биде загрозена американската економија само на неколку недели пред претседателските избори, наведува њујоршката агенција.

„Денешната рамковна спогодба за рекордни плати и продолжување на процесот на колективно преговарање претставува клучен напредок кон склучување на силен договор“, изјавил Претседателот на САД, Џозеф Бајден, пренесува Си-ен-ен (CNN).

Фото: Shuttrestock/Hatsaniuk