Македонија

Прогласена вондредна состојба на територија на цела држава

   Време за читање помалку од минута

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, прогласи вонредна состојба. Одлуката e во сила 30 дена. Информацијата ја кажа лично тој  во своето обраќање од претседателската резиденција.

– Предмалку ја потпишав одлуката за прогласување вонредна состојба на територијата на целата држава. Фактот што првпат од нашата независност поднесуваме вонредна состојба укажува колку е сложена состојбата во земјата. Изборите ќе мора да бидат одложени, а ќе се закажат дури кога за тоа ќе се создаде прилика, истакна Пендаровски во вонредното обраќање.

Владата ќе продолжи да функционира како техничка.

Вонредната состојба е прогласена по предлог на Владата поради справување со ситуацијата со коронавирусот. Имајќи предвид дека Собранието кое е распуштено не може да се собере и да донесе одлука, собранискиот спикер предлогот го проследи до претседателот на државата.