МакедонијаПравдаСветот на работникот

Левица: Потребна е позитивна дискриминација и укинување на партиските вработувања!

Фејсбук статус на Трудовиот сектор на Левица:
Партиските вработувања и злоупотребувањето на етничката припадност на некадарните работници придонесува Република Македонија да биде држава која континуирано бележи економски пад и иселување на квалитетни кадри кои би можеле да направат разлика доколку би биле дел од нашево општество.
Промени се нужно потребни, па поради тоа и Левица како политичка партија се залага за промена и искоренување на овој негативен тренд!
Левица се залага за укинување на досегашниот пристап на привилегирано вработување по партиски и етнички клуч, со што тоа би било заменето со воведување на ПОЗИТИВНА СОЦИЈАЛНА ДИСКРИМИНАЦИЈА!
Тоа значи дека независно од тоа дали некој е Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Бошњак и сл. поповолен третман ќе добие квалитетниот кадар кој што е дел од семејство на СТЕЧАЈЦИ, СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА, СЕМЕЈСТВА НА САМОХРАНИ РОДИТЕЛИ и др.
Само преку овој пристап помош од општеството ќе добијат оние лица кои што имаат вистинска потреба од тоа, а воедно и ќе се стави крај на злоупотребите кои што се случуваат изминативе 30 години.
 

Партиските вработувања и злоупотребувањето на етничката припадност на некадарните работници придонесува Република…

Posted by Левица – Трудов сектор on Wednesday, February 24, 2021