ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Еднаква плата за иста работа- цел или желба?

Заштита од дискриминација: разлика во плати меѓу мажи и жени

Еднаква плата за иста работа- цел или желба?

Во рамките на Европската Унија веќе 45 години постои законодавство за еднаква плата за мажи и жени за иста работа. Односно, жените кои работат работа која бара исти вештини, образование и физички напор за извршување иста работа како и мажите треба да добиваат ист финансиски износ на платата. ОВаа цел не е постигната иако правната рамка постои речизи половина век. Направени се споредби на платите на мажи и жени кои за иста работа во ист сектор добиваат различен износ. Поточно, во рамки на ЕУ, и во поразвиените и во земјите од Источна Европа постои јаз во платата кој се движи и до 32, 5 %.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен се заложи за транспарентност на платите со цел да се постигне еднаквост, но додека европските работници се надеваат дека ваквите мерки ќе профункционираат, владата на Нов Зеланд донесе амандман на Законот (Актот) за еднаква плата со кој осигурува дека платите за жените се „одредени со земање референтна вредност која би била платена на маж доколку тој ја работи истата работа, без оглед на вештини, одговорност, услови и степен на напор.“
Пандемијата предиавикана од Ковид-19 е монентум кој треба да се искористи од сите земји, секако и од Македонија, согласно македонските услови и потреби, да се искристализира состојбата со висината на платите за мажите и жените, и да се тргне барем чекор напред.

Што мислите вие? Сте се соочиле со ваков вид дискриминација или земате иста плата со вашите колеги? 

 

Заштита од дискриминација: разлика во плати меѓу мажи и жени

Еднаква плата за иста работа- цел или желба?

Во рамките…

Posted by Juridica on Tuesday, February 23, 2021