Програмски колегиум на МКЦ: Директорот разрешен зошто не го вработи Бени Шаќири

Програмскиот колегиум на Младинскиот културен центар се огласи со реакција дека досегашниот директор Ванчо Богоев е неправедно разрешен само затоа што не сакал да го вработи музичарот Бени Шакири.

Градоначалничката Данела Арсовска го разреши Богоев, кој на директорската фотелја седна пред една година. Денеска, Град Скопје појасни дека не е назначен нов директор на оваа кулрна установа, но тоа ќе се направи откако ќе бидат разгледани биографиите за позицијата. Сепак од МКЦ велат дека тоа ќе биде извесен Никола Алексов, инаку дипломиран детектив кој е примен пред два дена во институцијата како привремено вработување.

„Деновиве МКЦ повторно е на мета на партиските игри, информација која веќе е пласирана во јавноста.
Во попладневните часови вчера, постоечкиот в.д. директор на МКЦ, Ванчо Богоев кој е 36 години е дел од институцијата и кој со својот едвај целогодишен мандат продолжи во насока на растење и одржување на програмата на МКЦ, беше сменет од својата позиција поради неподлегнување на екстремните притисоци од Генералниот секретар на Град Скопје да потпише вработување за Арбен Шаќири.

Бидејќи, сега веќе екс директорот на МКЦ не ја потпиша таа одлука, од утре МКЦ има нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција“, стои во објавата на Програмскиот колегиум на МКЦ.